01.12.2011, 14:28 Александра Наќева Ружин нов претседател на ЕБА
Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Европската бизнис асоцијација (ЕБА) на денеска одржаното годишно Собрание на Асоцијацијата. На претседателската функција Наќева Ружин доаѓа по заминувањето од функцијата на досегашниот претседател Гинтер Офнер.
Нов потпретседател на Асоцијацијата е Даниел Сас, главен извршен директор на Македонски Телеком. Претходно, оваа функција ја извршуваше Николај Бејкерс.
На деветто годишно Собрание, покрај новото претседателство, избрани се и четири нови членови на Управниот одбор на ЕБА, Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Ричард Парт, генерален директор на Империјал Тобако ТКС за јужен Балкан, Константинос Спанудис, генерален директор на Пивара Скопје и Никола Љушев, генерален извршен директор на Вип оператор. Со изборот на нови членови на Управниот одбор на ЕБА бројот на членови се зголеми на осуммина.
|