01.12.2011, 11:11 Македонија 69-та според индексот на корупција
Македонија е рангирана на 69. место според индексот на перцепција на корупцијата во денеска објавениот Извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2011 година.
Македонија е оценета со 3,9 на скалата од 0 (најкорумпирани земји) до 10 (земји без корупција). Минатата година со оценка од 4,1, беше на 62. место.
Од државите во регионот, пред Македонија се Словенија на 35. место и Хрватска и Црна Гора кои ја делат 66. позиција. Зад Македонија се Грција на 80., Бугарија и Србија на 86., БиХ на 91., Албанија на 95 и Косово на 112 место.
Најмалку коруцпија според Транспаренси интернешенл има во Нов Зеланд кој е оценет со 9,5, и во Данска и Финска кои имаат оценки 9,4. Најкорумпирани држави во светот се Северна Кореја и Сомалија.
Во извештајот на Транспаренси се оценувани 182 држави. Податоците се собирани од набљудувачи на ТИ, како и од локалните експерти. Истражувањето се однесува на периодот од декември 2010 до септември 2011 година.
|