30.11.2011, 11:51 Над два милиони Британци денеска на генерален штрајк
Голем број вработени во јавниот сектор во Велика Британија од ноќеска на полноќ започнаа со 24-часовен штрајк, организиран во знак на протест поради новиот владин систем за пензионирање.
Синдикалните лидери предвидвидуваат дека во штрајкот ќе се вклучат околу два милиони лица, што би бил најголем ваков протест во Велика Британија по „зимата на работничкото незадоволство“ во 1979 година.
Денеска штрајкуваат учителите, помошниот болнички персонал, вработените во имиграциските служби и пасошката контрола на граничните премини,к ако и вработените во голем број општински и јавни служби. Во текот на штрајкот се најавени и над илјада протесни маршеви низ целата земја, а најголемиот протест се очекува да се одржи во Лондон.
Штрајкувачите бараат од Владата на премиерот Дејвид Камерон да размисли упте еднас за висината на пензиите и платите и за системот за пензионирањето на вработените во јавниот сектор.
Владата која остро се противи на штрајкот уште од моментот кога тој беше закажан, соопшти дека со денешните протести „нема ништо да се постигне", нагласувајќи дека штрајкот ќе ја цини државата околу 500 милиони фунти.
Ваквите владини тврдње за „огромни штети“ поради штрајкот, претставник на синдикатите ги оцени како „измислена економија“.
Во соопштение пред почетокот на штрајкот, синдикатите порачаа дека станува збор за изнудена мерка за да се заптитат правата на вработените и за да се натера Владата да почне вистински да преговара околу пензиите.
Според британската Влада, новиот систем за пензионирање е неопходен и нуди подобри решение од оние што ги имаат на вработените во приватниот сектор. Вработените, меѓутоа, во големо мнозинство се противат на новиот владин план, затоа што ќе треба подолго да работат за да стекнат право на пензија, да издвојуваат повеќе средства во пензинските фондови од досега, а на крајот да добиваат иста или помала пензија отколку што би добивале со сегашниот систем.
Еднодневниот штрајк ќе предизвика застоти низ целата земја. Нема да работат околу 23.000 училишта, преку 6.000 специјалистички прегледи и болнички тратмани се одложени, а чекањето пред шалтерите за пасошка контрола на аердомите се очекува да трае меѓу шест и девет часа.
|