01.12.2011, 15:01 ЕП го прифати договорот за пристапувањето на Хрватска во ЕУ
Пратениците на Европскиот парламент со убедливо мнозинство гласови ја прифатија резолуцијата за Договорот за пристапување на Хрватска кон Европската унија и нацрт резолуцијата за хрватската апликација за членство.
За прифаќање на резолуцијата гласаа 564 пратенииц на ЕП, 38 беа против, а 32 пратеници се воздржаа од гласање, пренесоа хрватските електронски медиуми.
Откако ЕП го прифати Пристапниот договор на Хравтска и ЕУ, Советот на ЕУ на состанокот на 5 декември треба да го потврди влезот на Хрватска во Унијата.
Четири дена подоцна, на 9 декември, е предвидено потпишувањето на договорот, а на самитот на Европскиот совет што почнува тој ден, Хрватска ќе добие статус на набљудувач.
Во Брисел, по овој повод, се наоѓа делегација на Хрватскиот сабор, со претседателот на Саборот Лука Бебиќ на нејзино чело.
Според утврдениот редослед, Хрватска треба да стане полноправна членка на ЕУ на 1 јули 2013 година.
|