02.12.2011, 14:52 Дури 12 милиони барања за влезници, најевтините 30 евра
Веќе е јасно дека стадионите во Полска и во Украина за време на Европското првенство во 2012 година ќе бидат максимално исполнети, но и натаму владее вистинска треска за билети.
„Се што беше во продажба одамна е продадено. Меѓутоа, внимавајте, 12 милиони барања за 500.000 влезници што беа продадени преку официјалната интернет-страница на УЕФА. Тоа е дури 17 отсто повеќе барања отколку што имаше за Европското првенство во 2008 година. Вториот бран продажба почнува по ждрепката. На ред се билетите предвидени за федерациите на земјите учеснички на ЕП“, објаснува Маркијан Лубкивскиј, директор на завршниот турнир за Украина.
„Од вкупно 1,4 милиони влезни билети продадени се 500.000. Во продажба ќе бидат пуштени приближно уште толку, бидејќи меѓу 300.000 и 400.000 остануваат за УЕФА за спонзори, за партнери. Секоја федерација има право на 16 отсто од капацитетот на стадионот. Цените се различни, најевитините билети чинат 30 евра, најскапите до 600 евра колку што ќе чини и билет за големото финале“, додава Лубкивскиј.
|