05.12.2011, 15:12 Рафа Бенитез блиску до клупата на ПСЖ
Поранешниот менаџер на Ливерпул и милански Интер, Рафаел Бенитез треба да биде новиот тренер на францускиот ПСЖ, соопштува телевизијата „Ал Џезеира“ повикувајќи се на сигурни извори блиски до катарските сопственици на клубот.
Богатитите газди на Французите не биле задоволни од изданието на својот тим на вчерашниот натпревар против Оксер, и покрај победата од 3-2, по што решиле да ја прекинат соработката со досегашниот стратег Антоан Комбуар.
Според информациите веднаш е најдено решени во искусниот Шпанец кој по отказот од Интер точно една година е без работен ангажман. Претходно Бенитез ја има освоени Лигата на шампионите со Ливерпул, како и две титули во Примера и Куп на УЕФА со Валенсија.
|