02.12.2011, 11:33 Мекејлеб најдобар, Антиќ епизодист
Бо со 16 коша против Олимпија, Перо само две минути на паркетот во Истанбул
Колегите од македонската кошаркарска репрезентација Бо Мекејлеб и Перо Антиќ со спротивен ефект во синоќешните натпревари од Евролигата. Мекејлеб повторно беше најдобар поединец на Монтепаски и воопшто на натпреварот во Љубљана, каде што Италијанците ја победија Унион Олимпија со 63:57, а македонскиот бек постигна 16 коша. Американецот со македонски пасош на теренот помина 27 минути и остварија реализација од 3/6 за два поена, 2/4 за тројка и 4/4 од линијата за слободни фрлања.
Со својата петта победа во седмиот натпревар, тимот на Симоне Пјаниџани остана втор во групата Д и теоретски го обезбеди пласманот во топ-16. Барселона е неприкосновен лидер во групата со максимални седум победи.
Антиќ, пак, не се изнаигра против Фенербахче Улкер во Истанбул, каде што неговиот Олимпијакос беше декласиран со 86:70. Македонскиот центар го почна натпреварот во стартната петорка, но во игра помина само 2:19 минути, во кои не упати ниту еден удар кон противничкиот кош, имаше еден дефанзивен скок и две загубени топки.
Тимот на Душан Ивковиќ со три победи во седумте меча досега е претпоследен во и��рамнетата група А. Првото место со по четири победи го делат Фенербахче Улкер, Каха Лаборал и Бенет Канту.
Други резултати, група А: Бенет Канту - Каха Лаборал 71:68. Група Ц: Емпорио Армани - Реал Мадрид 57:63, Партизан - Макаби 74:71. Група Д: Асеко Проком - Барселона 45:76. (Р.Д.)
|