02.12.2011, 14:50 На Ортопедија вештачки „растат“ листи на чекање
Јасмина Јовановска
На Ортопедија се прави вештачко зголемување на листите на чекање на операции на замена на оштетени колкови. Пациенти кои имале одредено термин за оперирање, деновиве масовно им се одложуваат операцииите за најмалку еден месец. Па, така ако болните чекале по два и повеќе месеци, сега ќе чекаат двојно повеќе, односно и до четири месеци за да им се вгарди нов колк.
До одложување на операциите, како што дознаваме дошло зошто раководството на траума центарот, ограничило да се прават само по осум вакви операции, за да имаа колкови за цела година.
Ова ни го потврди и директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедија, интезивно лекување, анестезија и реанимација Реџеп Селмани, кој операциите на колкови ги ограничил неделно за да имаат колкови се до следниот тендер. Дали ова значи дека сега кога колковите конечно ги набавија на клиниката, ги имаат малку, д-р Селмани вели дека не се потрошени ни половината. За д-р Селмани податокот да се прават по осум операции на колкови неделно е историски податок и е во рамките на буџетот на Клиниката. Но, призна дека ограничувањето се прави за да не се надмине буџетот за годинава. За Селамни добро е што повеќе пациентите не терба да купуваат ништо за овие операции, а листите на чекање има и во побогатите земји од нашата.
|