29.11.2011, 13:23 Расчистувањето на организираниот криминал приоритет на МВР
За сите нас овде неспорно е дека организираниот криминал, и по својата форма и по својата содржина, одамна претставува колку национална, во иста мера и транснационална закана и проблем, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето денешно излагање на Регионална конференција на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од југоисточна Европа, што се одржува во Белград, рамки на МАРРИ Форумот, на темата „Регионалната и транснационална соработка во бробата против организираниот кримина во Југоисточна Европа – предизвици и постигнувања“.
Ова го говорам, подвлече таа, тргнувајќи од јасно дефинираната позиција на македонските државни институции по однос на ова прашање.
- Впрочем, како што истакнав и на неодамна одржаниот форумот на министри за внатрешни работи и за правда “ЕУ – Западен Балкан“, чиј што домаќин беше Република Македонија, организиран во соработка со полското претседателство со ЕУ: во изминативе години откривањето и расчистувањето на случаите на организиран криминал за македонското МВР беше и е еден од основните приоритети во неговото дејствување, истак��а министерката за внатрешни работи.
Министерката Јанкулоска пред своите колеги од земјите на ЈИЕ презнетираше дел од низата проекти и активности што Владата на РепубликаМакедонија односно Министерството за внатрешни работи ги превзеде во изминатиот период во насока на што поуспешна борба против сите облици на организиран криминал. Притоа, ја потенцираше и важноста од регионалната и генерално меѓународна соработка како клучна алка во еден системски пристап во спротивставувањето кон организираниот криминал.
- Во операционализацијата на таа стратешка цел, којашто воедно дополнително ја демонстрира нашата решителност во прифаќањето на стандардите во меѓународната полициска соработка и прилагодување на нашата организациона структура кон европската, при МВР е формиран Сектор за меѓународна полициска соработка во кој се интегрирани Интерпол, СЕКИ, Европол и Шенген – СИРЕНЕ, како и офицерите за врска на странските полициски служби, нагласи Јанкулоска.
Министерката Јанкулоска учествуваше и во сесијата посветена поконкретно на борбата против трговијата со дрога и високотехнолошкиот криминал. Во излагањето на оваа тема, тргнувајќи од остварените резултати на македонското МВР во делот на борбата против трговијата со дрога, Јанкулоска истакна дека остварените резултати, со право го наметнуваат уверувањето дека Република Македонија стана и се зацврсти како регионален фактор на безбедност, преку својата целосна посветеност во борбата против организираниот криминал.
|