01.12.2011, 13:11 Торус совладан од бугарскиот тим Рилски Спортист
Најефикасен во победничкиот тим беше Бранко Мирковиќ со 19 поени, додека Филип Вуксановиќ и Мартин Маринов придодадоа по 18 и 17 поени.
Кошаркарите на Торус СЦ Борис Трајковски, синоќа пред својата публика во Скопје, претрпеа нов пораз во регионалната кошаркарска БИБЛ лига.
Во натпреварот од 4. во групата „Б’’, Торус СЦ БТ беше совладан од бугарскиот претставник Рилски Спортист 80-85 (по четвртини 33:17, 17:23, 09:19 и 21:21).
Најефикасен во победничкиот тим беше Бранко Мирковиќ со 19 поени, додека Филип Вуксановиќ и Мартин Маринов придодадоа по 18 и 17 поени.
Иако Димитар Каражовски со 20 поени беше најефикасен на натпреварот, сепак тоа не беше доволно екипата на Торус СЦ Борис Трајковски да го избегне вториот пораз во ова натпреварување, па со учинок од 1 победа и два порази (4 бодови), скопскиот тим останува пето пласиран во својата група.
Завчера вториот македонскиот претставник, воедно и бранител на шампионкиот трофеј во БИБЛ лигата, екипата на Фени Индустри на гостувањето во Мостар, го совлада тимот на Зрињски со 76:68 (по четвртини 18:15, 19:17, 14:22 и 17:22) во рамките од 4-коло на групата „А’’.
|