24.11.2011, 14:10 Ферер експресно го „збриша“ Ѓоковиќ
Ферер е првиот тенисер од Б групата, кој на Мастерс купот во Лондон избори пласман во полуфиналето, а Ѓоковиќ во последното коло против сонародникот Типсаревиќ ќе се бори за следната рунда
Петторангираниот Ферер, во за него извонреден меч, го збриша од теренот првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.
Ферер за само 75 минути забележа победа од 2-0 (6-3, 6-1). Ферер направи само 10 неизнудени грешки, наспроти 33-те на Ѓоковиќ, а Шпанецот имаше и 8 винери повеќе 18/10.
Тенисерите во првите шест гема го чуваа својот сервис, во седмиот Ферер направи брејк и ја почна серијата во која од последните девет гема освои осум.
„Ферер одигра извонредно, а јас го одиграв најлошиот меч во сезоната. Голем број на неизнудени грешки. Играм лошо, тоа е факт“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
„На ова ниво мора да играте во врвна форма. Јас не играв така ниту на мечот со Бердих, но во вториот сет некако успеав да влезам во ритам. За овој меч немам објаснување. Ништо не одеше како што треба“, коментираше по мечот Ѓоковиќ.
Светскиот рекет број 1 во последното коло против сонародникот Јанко Типсаревиќ ќе се бори за пласман во полуфиналето, но најверојатн�� и со победа ќе налета за забревтаниот Роџер Федерер, кој води во груапата Б со две победи.
Типсаревиќ во попладневната програма влезе како замена за повредениот Енди Мареј и загуби во тајбрејк од Томаш Бердих со 6-2, 3-6, 6-7 (6-8). Србинот прво спаси меч-топка во тајбрејкот, потоа имаше шанса за победа, но ја испушти и го загуби својот деби-дуел во едно АТП-финале.
Денеска се играат средбите од Б групата, во кој Цонга и Надал во меѓусебниот дуел ќе решаваат за патникот во полуфиналето.
|