25.11.2011, 10:48 Косово не ја признава палестинската држава
Палестинската автономна управа не може да се надева на признавање од страна на Косово, нагласи заменик-премиерот Хајредин Кучи.
Како што јави дописникот на МИА, Кучи напомена дека кога станува збор за палестинската држава, Косово го дели истиот став со САД и ЕУ.
- Косово има идентичен став како и оној на САД и ЕУ. Ние ги подржуваме САД и ЕУ и сме целосно координирани со светската политика, рече Кучи, додавајќи дека смета оти најпаметна политика на една земја на Балканот, во овој случај на Косово, е да биде во целосна координација со САД и ЕУ.
Во меѓувреме, според порталот Албеу и од Албанија доаѓа веста за идентичен став наспроти обидот за создавање палестинска држава. Се дознава дека премиерот Сали Бериша, за време на посетата на Израел на израелскиот претседател Шимон Перес му ветил дека неговата земја нема да ја признае Палестина како независна држава.
|