22.11.2011, 15:25 Градоначалниците садеа цреши пред Зоолошка градина
Фото: Киро Попов
Како најава за „Ден на дрвото“, денеска пред Зоолошката градина се „фрлаа“ градоначалнички лопати. Градскиот татко Коце Трајановски заедно со неколку општински градоначалници и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска садеа јапонски цреши и ликвидамбари. Ваквата акција се реализира откако градските служби направија „чистка“ на децениското зеленило околу булеварите, па, сега, до крајот на ноември по должина на улиците и парковските површини треба да се посадат околу 2.000 нови дрвца од холандско производство. (Б.Ш.)
|