22.11.2011, 13:16 Разголени Израелки ја поддржаа голата египетска блогерка
Тоа е нивни знак на протест против спречувањето на слободата на изразување и третирање на жените како сексуални објекти.
Инспирирани од 20-годишната Алија Магда Елмади, Египќанката која ја предизвика осудата и бесот на сонародниците, кога на својот блог ја закачи својата гола фотографија, група од 40 Израелки исто така се фотографираа голи, во знак на поддршка на Алија. Тоа е нивни знак на протест против спречувањето на слободата на изразување и третирање на жените како сексуални објекти.
Предводено од Ор Темплар (28), која преку социјалните мрежи ги повика своите сонароднички да и' се придружат, група жени се фотографираа носејќи транспарент со порака: „Во знак на почит кон Алија Елмади. Сестрите од Израел.“
Темплар, на својот Фејсбук - профил ги повика истомисленичките со пораката: „ дајте му на светот причина да ја видат единствената убавина на израелските жени, без оглед дали се Еврејки, Арапки, стрејт или со лезбијска ориентација, зашто тоа не е важно. Да им покажеме на иние кои се сомневаат дека нашата меѓународна порака не зависи од тоа кој управува со државата.“
Таа на израелскиот Интернет - сајт рекла дека на идејата дошла истиот ден кога египетската блогерка ја објавила својата фотографија.
- Не очекував дека ќе биде таква реакцијата на нејзиниот потег. Ме изнервира тоа што доби 250.000 навредливи коментари и закани со смрт - рекла Темплар и додала дека владите на државите не ги претставуваат обичните, просветени луѓе кои сакаат мир.
Алија Магда, во интервјуто за Си- Ен- Ен рекла дека на тој храбар и контроверзен потег се одлучила за да покаже дека жените во Египет се многу повеќе од сексуални објекти, какво што ги сметаат мажите.
|