23.11.2011, 13:03 „Филип Морис“ ќе ја тужи Австралија
Тутунскиот гигант „Филип Морис“ најави дека ќе ја тужи владата на Австралија заради новиот закон што деновиве беше донесен во парламентот, а според кој сите брендови на цигари од декември 2012 година ќе се продаваат во исто маслинасто кафено пакување, „украсено“ единствено со графичко предупредување на опасноста од пушењето.
Во „Филип Морис“ истакнуваат дека новиот закон меѓу другото ги крши билатералните инвестициски договори меѓу Австралија и Хонг Конг, како и дека со неговата примена ќе се намали профитот на компаниите и дека си тоа лажните брендови на цигари ќе ги преплават австралиските пазари, јави Би-Би-Си.
Ен Едвардс, портпарол на компанијата „Филип Морис Острејила“, истакнува дека австралиската влада ја воведува оваа мерка иако не е во состојба да докаже дека таа ќе биде ефикасна во намалување на пушењето.
|