23.11.2011, 15:11 Серија кражби околу скопската „Шмизла“
„Шмизлата“ на улицата „Македонија“ синоќа беше сведок на две кражби на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје. На мета на непознатите арамии беа два бутика сместени во близина на познатата скулптура. Крадците, откако провалиле во бутиците, одзеле јакни и друга текстилна роба, по што побегнале.
Арамиите барале пари, но сопствениците го носат дома дневниот промет, па морале да се задоволат со облека. Кражбите биле реализирани кога дуќаните и кафулињата на прометната улица се затворени.
Кај скопскиот Зелен пазар, на стотина метри од улицата „Македонија“, синоќа беше извршена кражба во дисконт за прехранбени производи. Дали кражбите се поврзани, односно дали станува збор за исти група арамии - се уште се утврдува. (Г.А.)
|