Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.11.2011, 13:12

Вељаноски: Сo Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија




Пред 20 години кога се одлучивме за самостојна и независна Македонија, имавме многу висок степен на политички консензус и поддршка од граѓаните која многу силно беше изразена на референдумот на 8 септември.

Таа сплотеност околу најзначајните прашања за иднината на нашата татковина ја манифестиравме и подоцна. Уверен сум дека тоа е случај и денес, кога сме блокирани во остварувањето на нашата стратешка определба за членство во НАТО и во Европската унија, истакна денеска претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во обраќањето по повод дваесетгодишнината од донесувањето на Уставот на независна и самостојна Македонија.

- Доколку искрено сакаме да продолжиме да ги остваруваме идеалите на Илинденците од 1903 и 1944 година, на борците од народно-ослободителната војна, како и на граѓаните, кои на 8 септември јасно кажаа што сакаат - тогаш мораме постојано да ја имаме пред себе свесноста за големината на одговорноста што ја имаме како политичари без разлика на која страна седиме во собраниската сала, рече спикерот. Вељаноски потенцираше дека за прашањата поврзани со одбраната на маке��онскиот идентитет и уставно име, како и другите предизвици поврзани со европските и евроатланските интеграции „не смееме да дозволиме нашите политички и други разлики да не делат“.

За носење судбоносни одлуки за еден народ, посочува тој, потребен е висок степен на политички консензус и голема поддршка од граѓаните.

Развојот на Македонија, според спикерот, нема алтернатива. - Потврдата за тоа е во нашата храброст и решителност, а Уставот на оваа земја е нашата единствена водилка. Македонскиот Устав го издржа тестот на времето, истакна претседателот на Собранието.

Македонската независност беше процес што започна со првите повеќепартиски избори. Од нив, додаде тој, изникна Декларација за сувереност, која ја донесоа пратениците од првиот состав на овој законодавен дом.

- Таа беше нашата водилка во носењето на првиот демократски устав на државата. На таа голема цел се надоврза и референдумот од 8 септември, каде граѓаните им го дадоа потребниот легитимитет на политичарите во изодувањето на патот кон независноста. Конечно, на 17 ноември 1991 година, нашите колеги пратеници се запишаа во македонската историја донесувајќи го највисокиот правен акт, со што нивното дело остана трајно врежано во нашата колективна меморија, рече Вељаноски.

Собранието на Република Македонија, како што посочи, уште тогаш ја дефинира својата стожерна државничка функција, поточно ја потврди својата улога на дом во кој, низ демократска постапка, ќе се дефинираат клучните државни интереси и ќе се утврдуваат и донесуваат суштествени законски и други одлуки за современото политичко, безбедносно, економско и културно втемелување и вреднување на Република Македонија.

- На 17 ноември 1991 година се оствари сонот на генерации Македонци за самостојна суверена држава, во која света е само една вредност, човекот како индивидуа и неговите права и слободи односно граѓанската димензија која подразбира политички плурализам, пазарна економија која се темели врз приватната сопственост, рече Вељаноски.

Во тие траорни времиња, кога во поранешна Југославија, гласот на разумот беше заменет од силата на оружјето, додаде Вељаноски цитирајќи го првиот претседател на независна Македонија: „Денес кога со новиот Устав одлучивме за правни темели на Македонија, повторно сум исполнет со гордост и надеж дека не биле залудни жртвите паднати во сите наши востанија. Зад нас останаа ропските денови, делењето и прогони, раселувања и бездомија, за кои историјата говори, но и сведочи за исконската моќ на нашиот народ да се одржи, да опстојува да го зачува македонскиот збор, песна, приказна“.

Вељаноски во свое лично име и во името на пратениците изрази најдлабока благодарност до првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, до првиот премиер на нашата татковина Никола Кљусев, до претседателот на првото повеќепартиско Собрание и претседател на Уставната комисија, Стојан Андов и до сите други членови на Уставната комисија на Собранието, како и до членовите на експертската група и до сите пратеници, партии и личности кои дадоа свој придонес во остварувањето на оваа благородна државна цел.

- Резултатот на овие залагања е нашиот устав кој ги следи современите демократски придобивки, кој го изразува историскиот континуитет и стремежот за слобода на македонскиот народ и кој нуди највисоки гаранции за остварување на слободите и правата на нашите сограѓани, кои како дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот и ромскиот народ живеат во Македонија. Уставот претставува завршен акт на еден болен и тежок историски процес, кој започна со Манифестот на Крушевската Република, како и со одлуките на АСНОМ, рече спикерот.





Статијата е прочитана 398 пати.

Испрати коментар



Денот низ фотографии
Аџиев - Новинарите следни за лустрација
Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
ОН - Климатските аномалии во светот ќе стануваат се почести
Уапсен синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Почина Јосиф Ќурчиев
Адеми - Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди
Удрен темелот на евроазиска економска унија
„Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
„Метрудхем“ се огласи, ама не се согласи
Се испразни Мавровско Езеро
Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Никовски - Немаме право на нови грешки во спорот со името
Воз прегази 14 овци кај Тетово
Ќе се зголеми бројот на предмети за државна матура
Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Дојче веле - ЕУ најдобра перспектива за државите од Западен Балкан
Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Денот низ фотографии
Глорија Аројо уапсена во болница
Германија има таен план за излез од кризата
Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Над 300 уапсени во протестите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Албанските девојки сексуално активни од 13 години
Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Вук Драшковиќ тврди дека добивал смртни закани
Најмалку шест лица загинаа во невремето во САД
Донесен Законот за задолжување кај Дојче Банка и Сити Банка
Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Грците на протест против „економската хунта“
Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Пешевски - Проекцијата на СБ е на дневна основа
Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Ален Зекиров не се појави на суд
Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Во Црна Гора на море само со лични карти
Хаг ќе ја апси Флоренс Хартман
Jункер - Излезот на Грција од еврозоната би бил катастрофа
Денот низ фотографии
ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Пад на цената на нафтата
Сирија пред граѓанска војна
Компромитирачки бакнежи на реклама на Бенетон
Продолжува судењето на Санадер
Пратениците ќе расправаат за заемот од Дојче банк и Сити банк
Меркел - Еврозоната и понатаму бара излез од должничката криза
Путин - Русија продолжува да нуди помош за кризата во еврозоната
Дваесет години од донесувањето на Уставот на РМ
Курт Вокер - САД и ЕУ да ја „вратат“ Времената спогодба
ДПА - Буџетот ги дискриминира Албанците
Казни за спиење на дежурство
Камбера нема намера да го признае уставното име
Поранешно момче на Каролина уапсено во Германија
Бизнисмен и бодигард ги убиле двајцата тетовци во Италија
Монти го објави составот на новата италијанска влада
Хилари не сака да биде претседател на САД
Австралија ќе прими американски маринци
Пукаат шофершајбните на украинските авотбуси
Дипломат во новинарството
Кривична пријава за Ване Цветанов
Денот низ фотографии
Потпишан договор за трет национален извештај за климатски промени
„Денот на дрвото“, 23 ноември, неработен за сите граѓани
Обама - САД остануваат солидарни со Грција
Во тешка сообраќајна несреќа во Кина загинаа најмалку 17 деца
Престрелка и задоцнети летови на аеродромот во Брисел
Монти ќе ја претстави новата италијанска влада
„Окупирањето на Волстрит“ ќе продолжи без шатори
Подостапни уште 70 лекови
Државата сака да собере данок и од родилките
Премиерот препорачува дислокација на Топилницата
ЈСП - Цената на нафтата причина за поскапувањето на автобускиот превоз
Нов случај на педофилија во Велес
Се уште не е закажано судење за заемот на „А2“
Нема слобода за Тимошенко
Инвестирани нови 15 милиони евра во Шпаркасе Банка Македонија
Црвени јавори за „Св Климент“, јапонски цреши за „Илинден“
Економијата годинава ќе порасне за три отсто, а во 2012 за 2,5
„Пежо- Ситроен“ отпушта 4.000 работници во Франција
Ограбен златар на спиење во скопски Бит Пазар
Радиодифузна такса не платиле 68 илјади фирми
Мал авион ја промаши пистата на скопскиот аеродром



pile, 17.11.2011 16:11:18
Cestitki do site gragjani za 20 godisninata od donesuvanje na Ustavot na nezavisna Republika Makedonija , so tendencija ovoj datum da prerasne vo drzaven praznik.Posle 20 godini nezavisnost,se postavuva prasanje, dali ``depolitiziraniot``Organ ,,Ustaven Sud na Republika Makedonija``,vo ramkite na nadleznostite gi zastiti gragjanite od neodgovornite politicari,sudii,funkcioneri i drugi institucii koi svesno go krsea Ustavot, predlagajki,i donesuvajki sprotivni Ustavni odluki i resenija.Na prasanjeto nadleznite ke si odgovorat dokolku iznesat podatok;Vo kolku slucai Ustavniot Sud povel postapka za zastita na pravata i slobodite na gragjanite povredeni po osnov na politicko zdruzuvanje. Ili,kolku postapki samoinicijativno soglasno so Zakonot,ima povedeno US na RM,pri ocigledni krsenja na slobodite i pravata na gragjanite.Na primer,Zosto US na RM, samoinicijativno ne povede postapka za preispituvanje na Ustavnosta za upotrebata na brendot ,,VMRO``-istoriska pridobivka na site gragjani.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -4°C

Магла

Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -7°C

Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |