Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.11.2011, 14:42
Бизнисмен и бодигард ги убиле двајцата тетовци во Италија



Италијанската полиција ги уапси Лука Черубини и Даниел Саравини поради убиството на Христо Узунов и Салија Екрем во шумата Магдалене.

„Уапсен сум за убиство“. Ова се единствените зборови кои 37-годишниот бодигард Лука Черубини им ги кажал во телефонскиот разговор со неговото семејство, завчера по неговото апсење поради убиството на двајцата тетовци во планината Магдалене во Италија. Тој се претпоставува дека го извршил убиството на тетовците Христо Узунов(42) и Салија Екрем (45), по нарачка на италијанскиот бизнисмен Даниел Саравини, кој бил поранешен полицаец. Во заднината на убистовото, според досегашната истрага на италијанските органи, се криела голема зделка за изградба на шопинг центар во Скопје. Наводно, се споменуваат средства во висина од 400 илјади евра, кои македонските бизнисмени наводно ги дале како депозит за добивање на гаранција од неколку милиони евра за изградба на објектот. Но, место да ги добијат парите назад, тие завршиле застрелани во шумата над градот Бреша, каде случајно ги пронашле берачи на костени.

Бодигардот Черубини вчера околу 14.43 часот бил приведен од полицијата во Бреша. Тој порано бил задолжен околу набавки на оружје, но по неговото пензионирање бил ангажиран како приватно обезбедување. По таа линија и се запознале со Саравини, бизнисмен од Парма, кој работел како финансиски брокер за лондонска банка во Лугано. Тој тврдел дека му требало обезбедување, бидејќи се чувствувал загрозен од бизнисмените со кои соработувал.

„Двајцата Македонци биле измамени од Саравини. Тие платиле гаранција од 400 илјади евра, за ветување дека ќе добијат 26 милиони евра за изградба на шопинг центар во Скопје. Очигледно парите кои што ги платиле странците биле потрошени“, пишува весникот „Кориере дела сера“.

Двајцата тетовци, според италијанските медиуми, платиле со животот, за договорот кој не се остварил. Тие на 23 јуни од Тирана полетале за Милано, а потоа се упатиле во Бреша каде се сместиле во хотел, некаде пред 20 часот. Платиле за една ноќ и по кратко време излегле, по што повеќе не се вратиле. Истата вечер биле убиени во шумата над црквата Сан Готардо. Како што известуваат медиумите, Македонците биле убиени со огнено оружје во пределот на градите, а на нивното тело имало убоди и од нож. (Д.Т.)

Статијата е прочитана 6258 пати.

Испрати коментар



Денот низ фотографии
Аџиев - Новинарите следни за лустрација
Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
ОН - Климатските аномалии во светот ќе стануваат се почести
Уапсен синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Почина Јосиф Ќурчиев
Адеми - Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди
Удрен темелот на евроазиска економска унија
„Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
„Метрудхем“ се огласи, ама не се согласи
Се испразни Мавровско Езеро
Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Никовски - Немаме право на нови грешки во спорот со името
Воз прегази 14 овци кај Тетово
Ќе се зголеми бројот на предмети за државна матура
Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Дојче веле - ЕУ најдобра перспектива за државите од Западен Балкан
Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Денот низ фотографии
Глорија Аројо уапсена во болница
Германија има таен план за излез од кризата
Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Над 300 уапсени во протестите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Албанските девојки сексуално активни од 13 години
Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Вук Драшковиќ тврди дека добивал смртни закани
Најмалку шест лица загинаа во невремето во САД
Донесен Законот за задолжување кај Дојче Банка и Сити Банка
Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Грците на протест против „економската хунта“
Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Пешевски - Проекцијата на СБ е на дневна основа
Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Ален Зекиров не се појави на суд
Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Во Црна Гора на море само со лични карти
Хаг ќе ја апси Флоренс Хартман
Jункер - Излезот на Грција од еврозоната би бил катастрофа
Денот низ фотографии
Вељаноски - Сo Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија
ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Пад на цената на нафтата
Сирија пред граѓанска војна
Компромитирачки бакнежи на реклама на Бенетон
Продолжува судењето на Санадер
Пратениците ќе расправаат за заемот од Дојче банк и Сити банк
Меркел - Еврозоната и понатаму бара излез од должничката криза
Путин - Русија продолжува да нуди помош за кризата во еврозоната
Дваесет години од донесувањето на Уставот на РМ
Курт Вокер - САД и ЕУ да ја „вратат“ Времената спогодба
ДПА - Буџетот ги дискриминира Албанците
Казни за спиење на дежурство
Камбера нема намера да го признае уставното име
Поранешно момче на Каролина уапсено во Германија
Монти го објави составот на новата италијанска влада
Хилари не сака да биде претседател на САД
Австралија ќе прими американски маринци
Пукаат шофершајбните на украинските авотбуси
Дипломат во новинарството
Кривична пријава за Ване Цветанов
Денот низ фотографии
Потпишан договор за трет национален извештај за климатски промени
„Денот на дрвото“, 23 ноември, неработен за сите граѓани
Обама - САД остануваат солидарни со Грција
Во тешка сообраќајна несреќа во Кина загинаа најмалку 17 деца
Престрелка и задоцнети летови на аеродромот во Брисел
Монти ќе ја претстави новата италијанска влада
„Окупирањето на Волстрит“ ќе продолжи без шатори
Подостапни уште 70 лекови
Државата сака да собере данок и од родилките
Премиерот препорачува дислокација на Топилницата
ЈСП - Цената на нафтата причина за поскапувањето на автобускиот превоз
Нов случај на педофилија во Велес
Се уште не е закажано судење за заемот на „А2“
Нема слобода за Тимошенко
Инвестирани нови 15 милиони евра во Шпаркасе Банка Македонија
Црвени јавори за „Св Климент“, јапонски цреши за „Илинден“
Економијата годинава ќе порасне за три отсто, а во 2012 за 2,5
„Пежо- Ситроен“ отпушта 4.000 работници во Франција
Ограбен златар на спиење во скопски Бит Пазар
Радиодифузна такса не платиле 68 илјади фирми
Мал авион ја промаши пистата на скопскиот аеродром



vladimir petrovski-xarizanov, 16.11.2011 15:28:40
ova me potseka na vremeto pred 15god.koga eden ber...setase niz amsterdam so 5 kila i ne znese kade da go dade,ovie nesreknici zavrsija tragicno za razlika od prthodniot?????ne ne biva za mafijasi ova e poraka za nivnite sefovi????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -4°C

Магла

Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -7°C

Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |