17.11.2011, 10:59 Продолжува судењето на Санадер
Во Суд во Загреб денеска треба да продолжи судењето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за споено обвинение за воено профитерство односно добивање провизија од Хипо банка во 1995 година и мито од унгарската МОЛ за контролен пакет во ИНА.
Адвокатите на Санадер ќе предложат сведочење на шефот на МОЛ и ќе разгледаат дали да предложат сведочење на премиерката Јадранка Косор.
Санадер ги отфрли сите обвиненија против него за воено профитерство, односно земање провизија од 3,61 милион куни (483 илјади евра) од „Хипо банка“ и десет милиони евра мито од шефот на управата на унгарската нафтена компанија МОЛ.
Предметите се споени со одлуката на вонпроцесниот совет на Жупанискиот суд на барање на Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал.
На тоа барање одбраната на Санадер не се спротивстави, оценувајќи дека тие два процеси од почетокот требало да бидат водени како еден. Во обвинението е оценето дека државниот врв иако знаел за договорите ги одобрил, не знаејќи ја нивната заднина.
|