Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
20.11.2011, 17:42

Аристократски новогодишен амбиент на плоштадот

И годинава Градот ја ангажираше „Линк медија плус“ за китење, од каде тврдат дека спомениците нема да ги украсуваат ниту да ги осветлуваат

Деспина Трајковска


Во бела боја, со досега некористени украси за китење на центарот на градот, ланската дваесетметарска елка, поставена во зеленилото пред МЕПСО, ќе биде најголемо изненадување за скопјани и со шестминутен огномет. Генерално, во ваков амбиент плоштадот ќе ја испрати старата и ќе ја пречека новата 2012 година.

Петти пат по ред задолжени да го осмислат новогодишното руво на градот се од фирмата „Линк медија плус“. Оттаму не сакаат да откриваат детали како ќе го украсат строгиот центар и само накратко објаснуваат дека во декорот ќе преовладува белата боја. За прв пат досега ќе користат вештачко зеленило за изработка на дел од висечките украси.

„Сметаме дека плоштадот ќе го украсиме најубаво досега, со оглед на тоа дека ќе преовладуваат украси во бела боја, а и користењето на вештачкото зеленило за дел од нив ќе даде посебен тон. Надополнет со објектите и со спомениците од ‘Скопје 2014‘ ,планираме да создадеме досега невиден амбиент, замислен некако аристократски“, коментираат од „Линк медија плус“.

Фирмата има обврска да го накити плоштадот и околината до 15 декември. Тврдат дека ниту еден од спомениците, ниту, пак, околните нови стилски градби нема да добие новогодишен декор, иако во јавноста се шпекулира дека годинава акцент во украсувањето ќе бил ставен на грандиозниот споменик на Александар Македонски, а елката ќе била во втор план. Но, од ангажираната фирма најавуваат дека китењето на елката ќе им биде предизвик како никогаш досега, но во тајност ги чуваат деталите за нејзиниот изглед. Откриваат и дека годинава нема да ги користат при украсувањето фигурите од лани и ниту дека репризно ќе има ѕвездено небо на плоштад.

Освен градските власти и општинарите од Аеродром веќе се подготвени за новогодишното украсување. Најавуваат дека начелно осмислиле што и како ќе украсат. За разлика од лани, годинава нема да трошат пари за фирма која ќе им ги накити булеварите, парковите и другите фреквентни локации.

„Ќе украсиме речиси исто како и лани, со светлечките црева и со другите украси што ги купивме во пресрет на 2011 година. Ќе ни ги монтира фирма што е задолжена за одржување на уличното осветлување. Планираме да ги украсиме и парковите и неколку други локации и, најверојатно, тоа ќе го направиме со спонзори со кои веќе преговараме“, вели градоначалникот Ивица Коневски.

Неговите колеги од другите општини, пак, се' уште чекаат да им завршат тендерите за избор на фирма која ќе ја ангажираат за новогодишното украсување.


Статијата е прочитана 4590 пати.

Испрати коментар



Реконструирани патиштата за Хиподром и за Инџиково
Облакодери ќе го сардисаат „Јужен булевар“



bb, 21.11.2011 07:54:09
taka ke sonuvame deka sme bogati
а ристо, 21.11.2011 11:16:17
Да бе, а по плоштадот и околина све аристократи се шетаат...
Ruski rilet, ama so tugji glavi!, 21.11.2011 14:01:58
Sekoja godina nekoj go gubi zivotot na masovni sobiri na plostadot vo Skopje. Stana kako BEGANJE PRED DIVI BIKOVI i lotarija - Ruski rulet...da se bide na plostadot vo SLAVENJETO! Vnimavajte neokj da ne plati so zivot za toa...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -2°C

Понеделник
Сончево
Макс: 13°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |