25.11.2011, 10:14 Медведев: САД и го наметнуваат на Европа ракетниот штит
Рускиот претседател Дмитриј Медведев го обвини Вашингтон дека на Европа и ги наметнува плановите за распоредување на елементи од системот за противракетна одбрана.
- Изградбата на европскиот ракетен штит во голема мера и е наметнат на Европа до САД, рече вчера Медведев на конференција во градот Петрозаводск.
Тој во таа прилика цитираше неименувани европски лидери, кои му се пожалиле на споредната улога во тој проект.
- Моите партнери ми наговестуваат од време на време: Американците се тие кои одлучиле за тоа и кои го промовираат проектот, а нашата улога како НАТО членки е да обезбедиме територија за поставување на штитот, нагласи рускиот претседател.
|