22.11.2011, 14:47 Воз уби два коња во Тетово
Два коња настрадаа во железничка несреќа што утрово се случи во Тетово. Патничкиот воз што сообраќал од Кичево кон Скопје околу 9,30 часот удрил во коњите што стоеле на шините спроти фабриката „Алумина“. Полицијата изврши увид и ги истражува причините за несреќата. Поради овој инцидент, железничкиот сообраќај беше во прекин.
Пред неколку дена, кај железничкиот мост на реката Пена во Тетово, воз усмрти 14 овци, а три беа повредени. (Х.Р.)
|