22.11.2011, 14:00 Доживотна суспензија за Малингс
Спринтерот Стив Малингс од Јамајка е казнет со доживотна забрана за учество на атлетски натпревари поради второ прекршување на правилата за допинг, соопшти Јамајчанскиот антидопинг дисциплински панел.
„Веруваме дека јасна и силна порака мора да му биде испратена на секој спортист во Јамајка и насекаде дека забранети сусптанции нема да бидат толерирани во спортот“, изјави портпаролот на Панелот, Ленокс Гејл.
Малингс (28) се очекува да ја обжали суспензијата до Судот за арбитража во спортот. Поранешниот светски шампион во штафета вчера од тричлениот панел беше прогласен за виновен за користење на недозволениот диуретик фуросемид, кој може да дејствува како можен прикривач на други дроги.
Спринтерот, сега со живеалиште во САД, не присуствуваше на сослушувањето. Тој имаше позитивен допинг-тест по освојувањето на третото место во финалето на 100 метри на државното првенство на Јамајка во јуни. Претходно отслужи двегодишна суспензија за позитивниот тест во 2004 година, кога му беа утврдени зголемени нивоа на тестостерон.
|