23.11.2011, 15:34 (ФОТО) Уште една нула за Работнички
Во натпревар од 15. коло во првата македонска фудбалска лига составот од Градски парк е поразен како домаќин од Металург со 0:1.
Фото: Петр Стојановски
Наместо да напредува Работнички продолжува да назадува во домашното првенство. Дебармаалци загубија уште еден дерби меч во низа без постигнат гол по неделниот во Тетово од Шкендија со 2:0. Во натпревар од 15. коло во првата македонска фудбалска лига составот од Градски парк е поразен како домаќин од Металург со 1:0, триумф со кој екипата од Железарница ја намали негативата во однос на лидерот Вардар на пет бода.
Стрелец на единствениот погодок денеска на „Борис Трајковски“ беше Чурлинов во 37 минута, момент што на крајот се покажа како решавачки за победникот. Работнички го заврши мечот со играч помалку по исклучувањето на Димитрија Лазаревски, откако офанзивниот дефанзивец во домашниот состав доби два жолти картона за само 34 минути.
Во вториот денешен дуел шампионот Шкендија ремизира без голови кај Напредок. Колото ќе се комплетира утре со пресметката меѓу 11 Октомври и Хоризонт Турново во Прилеп. (С.Д.)
|