24.11.2011, 12:32 Антиќ и Илиевски до победи, пораз на Мекејлеб
Одличната игра и 22 коша на Мекејлеб не беше доволна Монтепаски Сиена да го избегне поразот на домашен терен од Уникс со 73:79
Тројцата македонски кошаркарски репрезентативци, синоќа со своите екипи ги одиграа натпреварите од 6.коло во Евролигата. Перо Антиќ и Владо Илиевски се радуваа на значајни триумфи, додека Лестер Бо Мекејлеб по втор пат сезонава е поразен.
Антиќ со учинок од 13 поени, 5 скокови и 4 асистенции, имаше голем придонес во победата на Олимпијакос над Билбабо со 88:81 во натпревар од групата „А“, со што атинскиот клуб ги одржа шансите за пласман во следната рунда.
Победа оствари и тимот на Владо Илиевски. Анадолу Ефес, во Истанбул го совлада белградски Партизан со 67:58 (група „Ц“). Илиевски за 15 минути игра оствари само по 1 поен и асистенција, како и 2 скока.
Тимот на Монтепаски за кој настапува Мекејлеб е поразен во Сиена од Уникс со 79:73 (група „Д“). Одличната игра на македонскиот репрезентативен „плејмејкер“ не му помогна на Монтепаски да го избегне поразот на домашен терен. Бо постигна 22 поени 3 скокови, 1 асистенција и 2 освоени топки.
На четвртиот вчерашен дуел, ЦСКА со победата над Жалгирис од 95:82 (група „Ц“) пред својата публика во Москва го осигура пласманот во следната фаза - „ТОП 16“.
Преостанатите осум натпревари од ова коло ќе се играат денеска, двојките се: Реал Мадрид - Шарлроа, Галатасарај - Проком, Макаби - Армани, Нанси - Канту, Каха Лаборал - Фенербахче Улкер, Уникаха - Панатинаикос, Барселона - Унион Олимпија и Загреб - Бросе Баскет.
|