25.11.2011, 14:07 Дејвид Бекам блиску до потпис со ПСЖ
Денешното издание на Daily Mail вели дека преговорите помеѓу двете страни се во напредна фаза и многу наскоро ќе пристигне известување дека е постигнат договор.
Според шпекулациите на медиумите на Островот, англиската мегаѕвезда Дејвид Бекам се наоѓа пред потпис со францускиот клуб Париз Сен Жермен, чиј дрес би требал да го носи во следните 18 месеци.
Денешното издание на Daily Mail вели дека преговорите помеѓу двете страни се во напредна фаза и многу наскоро ќе пристигне известување дека е постигнат договор.
Весникот вели дека Бекам со ПСЖ ќе стави потпис на 18 месечен договор вреден одлични 18 милиони долари (околу 11,6 милиони фунти).
Тимот од Париз зад себе ги има милионите на богатиот сопственик од Катар и сигурно е дека ретко кој друг клуб ќе може да му понуди ваков договор на 36 годишниот Бекам.
Поранешниот бразилски ас Леонардо, кој ја извршува функцијата спортски директор кај „светците“, потврди дека преговорите се почнати, а англиските медиуми тврдат дека двете страни се многу блиску до комплетирање на договорот.
|