Утринава во Белград се самоубил маж разнесувајќи се со бомба.
Според првичните информации на полицијата, се работи за 34-годишен човек кој од засега неутврдени причини активирал рачна бомба. Освен настраданиот други повредени лица нема.
Полицијата го истражува случајот и врши увид на местото за да се утврди дали се работи за самоубиство или активирањето на бомбата било заради други причини.