28.11.2011, 11:42 Шеснаесет илјади државни службеници во Грција остануваат без работа
Без работа во Грција од денеска остануваат 16 илјади луѓе бидејќи во сила влегува мерката за воведување т.н. „трудова резерва“, јавуваат грчки медиуми.
Четири илјади од 16-те илјади државни службеници ќе бидат пензионирани, а останатите ќе бидат вклучени во посебен, „предпензиски режим“ што ќе трае до крајот на 2013 година.
Од 1 јануари ќе останат уште околу 15 илјади заради затворање и спојување државни фирми.
Воведувањето „трудови резерви“ е мерка за драстично редуцирање на расходите во државниот сектор. Со мерката се опфатени 30 илјади државни службеници на кои платите ќе им бидат намалени за 40 отсто и имаат рок од 12 месеца да си најдат нова работа. Мерката е дел од планот за добивање нова транша од осум милијарди евра одобрени лани со заемот во вкупна вредност од 110 милијарди евра. зш/9:21
|