29.11.2011, 11:21 Викторија Бекам ја доби наградата за „Најдобар дизајнерски бренд“
Викторија Бекам заедно со својот моден тим ја освои наградата за „Најдобар дизајнерски бренд“ на доделувањето на „Бритиш Фешн Авордс“, кои се одржаа синоќа во Лондон.
- Победивме! Голема благодарност до ВБ дизајнерскиот тим, неверојатни сте, објави поранешната пејачка на својот „Твитер“ профил.
Викторија Бекам со ова надмина многу други познати модни имиња како што се Том Форд, Стела Мекартни и други. Наградата за најдобра дизајнерка на годината ја доби Сара Бартон, која работи за „Александер Меквин“, а позната е како дизајнер на венчаницата на Кејт Мидлтон.
Сопругот на Викотрија, Дејвид Бекам не го криеше воодушевувањето и го пофали успехот на својата жена.
- Момците и јас сме неверојатно горди на Викторија што ја освои оваа престижна награда. Работеше многу напорно, заслужи секакво признание. Неверојатно е тоа што го постигна вечерва, тоа е многу посебно, објави Бекам на својот профил на „Фејсбук“.
|