01.12.2011, 15:27 Хитлер ја лажирал својата смрт
Фирерот мирно умрел во Аргентина во 73. година, оставајќи зад себе две ќерки
Историчарот и новинар Герард Вилијамс, како и режисерот специјализиран за воена историја Симон Дунстан тврдат дека има премногу докази дека Фирерот ја лажирал својата смрт и побегнал во Јужна Америка.
Теоријата на заговорот го актуализираше и фактот дека резиденцијата Иналко чека нов сопственик. Тоа е куќата во која Хитлер ги поминал своите последни денови и мирно умрел во 73. година од својот живот, оставајќи зад себе две ќерки. Така барем вели теоријата на заговор. А сега резиденцијата Иналко, имот на прекрасното езеро Нахуел Хуапи во аргентиската Патагонија, бара нов сопственик. Постојат повеќе докази дека Хитлер побегнал во Аргентина од доказите дека се убил, тврдат локалните мештани кои со години живееле покрај некои други бегалци што биле нацистички злосторници. (Јутарњи лист)
|