02.12.2011, 12:08 И натаму пожар во Малешевијата
Поради четирите детонации на гранати, постојаното испукување на куршуми и непристапниот терен, пожарот кај пехчевското село Негрево и утринава дивееше. Оганот кај Црн Дол на Буковик е локализиран. Штетите се проценуваат на милионски суми.
Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека екипи од Шумското стопанство во Пехчево работат на теренот и се очекува во текот на денот пожарот на овој непристапен терен да биде локализиран. Во таков случај нема да има потреба од помош од државата за гасење од воздух.
Вчера имаше четири детонации на гранати и постојано испукување на куршуми што ја отежна интервенцијата. Гасеа 200 луѓе од шумските стопанства од Пехчево и Берово, граничната полиција, месното население и противпожарните екипи.
Пожарoт се појавил во понеделникот, тргнал од пасиште во пограничниот појас.
Уништена е површина од 300 хектари млада борова и букова шума. Пехчево два дена е обвиено во чад.
|