05.12.2011, 14:24 Пакистанската актерка шокираше со голи фотографии
Пакистанската актерка Вина Малик ги разбеснела конзервативните сонародници зашто се сликала разголена, па уште и за индиски машки магазин, а како врв на се' и со тетовирано лого на пакистанската тајна служба на надлактницата.
Оваа 33-годишна актерка се соочила со бурни реакции во својата татковина, која е во долгогодишен спор со Индија, па побрзала да изјави дека фотографијата е лажирана.
„Никогаш не сум позирала гола. Никогаш не би направила ништо слично. Мојот менаџер и правниот тим сега се занимаваат со оваа тема и ќе покренеме законски мерки“, рекла Вина Малик.
Од друга страна, уредникот на магазинот тврди дека фотографиите се автентични.
„Имаме видеоснимка од фотосесијата, како и мејлови од Вина, каде што вели дека многу се радува на насловната страница“, рекол уредникот на индискиот ФХМ, Кабир Шарма.
Шарма рекол и дека појавувањето на тетоважата со логото на пакистанската разузнавачка служба ИСИ била во шеговит контекст.
Вина Малик веќе доаѓала во судир со верските водачи на Пакистан, зашто остро се спротивставувана старомодниот поглед на улогата на жената во општеството и нејзиното облекување.
„Ако на некоја жена и' е ’кул‘ да носи бурка, нека носи. Ако некоја жена, како муслиманка, сака да носи фармерки, тогаш би требало да носи фармерки“, рекла Вина Малик во интервју за еден австралиски весник.
Таквите истапи и' обезбедиле поддршка од либералните кругови во Пакистан. Еден блогер ги повикал Пакистанците по еден примерок со фотографиите од индискиот ФХМ да закопаат во својот двор.
„Така нашите внуци ќе знаат дека меѓу нас имало и такви што живееле слободно“, напишал блогерот.
|