05.12.2011, 11:03 Надица Чаушовска мис фотогеничност на Мис јахт модел во Кина
На изборот победи Мис Белорусија, Ина Храбоускаја, прва придружничка е претставничката на Бразил, а втора- Мис Кина.
Дваесет и едногодишната струмичанка Надица Чаушевска ја освои титулата мис фотогеничност на финалето на изборот Мис јахт модел интернационал 2011 што се одржа викендов во Хаикоу, Кина.
Нашата претставничка престојуваше три недели во Кина каде што се натпреваруваше заедно со уште 70 мисици од исто толку држави учеснички од целиот свет. На изборот победи Мис Белорусија, Ина Храбоускаја, прва придружничка е претставничката на Бразил, а втора- Мис Кина.
Надица е членка на модното студио „Црнокрак“, кое го организираше нејзиниот пат, престој и учество во Кина и кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за модели. Оттаму најавуваат дека наредната недела таа повторно ќе патува во Кина каде што ќе учествува на уште еден интернационален избор на убавина, Мис туризам квин интернационал 2011, за кој „Црнокрак“ исто така поседува лиценца за учество.
|