22.11.2011, 12:48 Продор на „Фејсбук“ на пазарот на мобилни телефони
Најголемата светска социјална интернет мрежа „Фејсбук“ најави дека ќе склучи договор со произведителот на „паметни“ мобилни телефони HTC, со кој тајванската компанија ќе треба да ја интегрира популарната социјална мрежа во својот оперативен систем.
HTC со договорот се обврзува да прозиведе нов тип на „смартфон“, чие „работно“ име е „Бафи“. Името е позајмено од истомената популарна телевизиска серија која ги прикажува доживувања на една девојка-убиец на вампири.
Телефонот „Бафи“ би требало да се појави на пазарот за една до една и пол година. Тој би требало да функционира под некоја од верзиите на оперативниот систем „Андроид“ на „Гугл“.
|