22.11.2011, 13:18 Сеиф ал Ислам: Либија ја очекуваат крвопролевања
Во нова видео снимка, направена веднаш по апсењето, Сеиф ал Ислам ги предупредува борците кои го фатиле дека либиските области, кои се обединети во името на револуцијата, наскоро повторно ќе застанат една против други.
Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, кој се смета за негов наследник, беше уапсен во саботата во јужниот дел на Либија и сега се наоѓа во градот Зинтан.
Тој на снимката ги предупредува бунтовниците дека „за два до три месеци, најмногу една година“, реоните, кои се обединиле за соборување на Гадафи, меѓусебно ќе се предаваат и ќе дојде до крвопролевања.
Сеиф ал Ислам е баран од Меѓународниот кривиќен суд за извршени злосторства против човештвото. Главниот обвинител на МКС Луис Морено-Окампо денеска пристигна во Триполи за да го разгледа ова прашање со новите либиски власти.
|