21.11.2011, 11:53 Десницата освои апсолутно мнозинство во Шпанија
Опозиционата конзервативна Народна партија на Маријан Рахој освоила 44,57 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати утврдени на основа од 97 отсто од преброените гласови.
Таа партија на вчерашните избори освоила апсолутно мнозинство од 186 места во парламентот од 350 пратенички мандати.
Владејачките социјалисти паднале од 169 на 110 мандати, што е досега најлош резултат.
Генералниот секретар на Народната партија, Долорес де Коспедал од седиштето на партијата прогласила победа на својата партија, која надвор од зградата во Мадрид прославувала заедно со своите приврзаници, додека претставникот на Социјалистичката партија Хосе Бланко го признал поразот и им честитал на конзерватиците за победата.
Право на глас на изборите во Шпанија имаат 36 милиони жители.
Социјалистите се на власт во Шпанија се од 2004 година, а од 2008 имаат само релативно мнозинство во Конгресот со 169 пратеници наспроти 154, колку што има десницата.
|