18.11.2011, 11:41 Над 300 уапсени во протестите на „Окупирајте го Волстрит“
Американската полиција уапси над 300 учесници на протестите организирани во текот на вчерашниот ден по повод одбележувањето на вториот месец од почеток на активностите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Најголем број од уапсените, околу 180, се приведени за време на протестите во Њујорк, меѓу кои е и еден пензиониран полициски капетан. По неколку десетици лица се уапсени при протестите во Лос Анџелес, Лас Вегас, Портланд и Сент Луис. Демонстрантите во Сент Луис се обидоа да блокираат еден од мостовите преку Мисисипи.
При полициската акцијата за „отстранување“ на демонстрантите кои го блокираа пристапот кон Њујоршката берза, се повредени дестици лица, меѓу кои и седуммина полициајци.
Американските медиуми јавија дека кај дел од уапсените се пронајдени шишиња со оцетна киселина, која би требало да биде користена како средство против солвец, како и повеќе ланци и катанци со кои демонстрантите планирале да ги заклучат вратите на Берзата на Вострит.
Неколку десетици полицајци вчера ги блокираа приодните улици околу Берзата во Њујорк со цел да ја оневозможат а��цијата на активистите на движењето „Окупирајте го Волстрит“ за спречување на берзанските службеници да дојдат до своите работни места.
Протестите, започнаа од паркот Зукоти, по што демонстрантите се обидоа на напрват жив ѕид за да ги спречат вработените службеници да стигнат до нивните канцеларии.
Полицијата пак постави барикади пред Волстрит со цел да ги спречи демонстрантите да дојдат до Њујоршката берза, со што се создаде хаос во кој, како што јавија американските медиуми, не се знаело кој протестира, а кој се обидува до стигне до своето работно место.
Во настанатиот хаос полицијците почнаа да ги апсат демонстрантите, кои прво седеа, а потоа и легнаа на улицата.
- Волстрит денеска е затворен. Општеството спречува многу луѓе да дојдат до работа, така што не е проблем ако ние ги спречиме нив еден ден да отидат на работа, изјави активистот на „Окупирајте го Волстрит“, Нис Гринберг, 25-годишен наставник по математика.
|