16.11.2011, 14:20 Хилари не сака да биде претседател на САД
  Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја отфрли можноста повторно да се кандидира за претседател, најавувајќи дека е подготвена да се повлече од политиката по истекот на мандатот. 
  Таа истакна дека е уверена оти претседаетлот Барак Обама повторно ќе биде избран во ноември 2012 година. 
  „Мислам дека заслужува втор мандат, а јас ќе продолжам додека тој не најде некој кој ќе ме замени“, изјави американскиот државен секретар.
  |