15.11.2011, 12:51 Мал авион ја промаши пистата на скопскиот аеродром
Мал приватен авион со француски регистерски ознаки синоќа при слетување ја промашил пистата на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Повредени нема, а освен пукната гума, која според првичните сознанија се наведува како причина за незгодата, немало други оштетувања на авионот.
Агенцијата за цивилна воздушна пловидба информира дека авионот, кој летал на релација Маастрихт - Скопје имал тврдо слетување и првично допрел во тревниот дел неколку метри пред продолжениот асфалт на пистата. Во авионот имало тројца патници.
По инцидентот инспектори на АЦВП извршиле увид на местото и се работи на утврдување на причните за несреќата.
Земени се изјави од одговорните на летање, метереолошките служби и членовите на екипажот.
|