14.11.2011, 11:52 Бузек: Монти ќе формира добра влада на Италија
„Ја поздравувам одлуката на италијанскиот парламент да усвои строг пакет мерки за штедење и структурални реформи. Промените во Италија враќаат надеж за обнова на финансискиот кредибилитет и враќање на економскиот раст“, истакна Бузек.
Претседателот на Европскиот парламент Јежи Бузек оцени дека политичките промени во Италија враќаат надеж во обнова на финансискиот кредибилитет на таа држава и оти новиот премиер Марио Монти има капацитет да состави влада која добро ќе сллужи на Италија и Европа.
- Ја поздравувам одлуката на италијанскиот парламент да усвои строг пакет мерки за штедење и структурални реформи. Промените во Италија враќаат надеж за обнова на финансискиот кредибилитет и враќање на економскиот раст. Уверен сум дека Италија ќе преземе мерки да ја надмине должничката криза, наведе тој во соопштение.
Бузек оцени дека тој пакет мерки ќе биде во состојба врз основа на реформи да го зајакне еврото и да ја поправи ситуацијата во Италија.
- Марио Монти има вистински капацитет да состави нова влада на национално единство во Италија во време на криза, има богато искуство...и голема поддршка што добро ќе служи за Италија и Европа. Време на криза е време на големи одговорности. Европа и пазарите мора да му веруваат. Искуството негово е најдобра препорака дека ќе ги спроведе потребните реформи, се додава во соопштението.
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано го именуваше Монти (68), поранешен европски комесар и професор по економија за манатар за новата влада на Италија по оставката на Берлускони.
|