14.11.2011, 14:16 Десетгодишно девoјче од Мексико родило син
Полицијата во мексиканскиот град Пуебло започна истрага откако во локалната болница во октомври се породи десетгодишно девојче.
Раѓањето на машкото новороденче тешко килограм ипол било со царски рез во 31-та недела од бременоста на девојчето, бидејќи животот на малечката бил загрозен.
Малечката мајка сега секојдневно го посетува и дои синчето кое поради воспаление на белите дробови е сместено во инкубатор. Лекарите од болницата веднаш по породувањето ја известиле полицијата во Пуебло дека девојчето веројатно е жртва на силување.
Овој случај за жал не е единствен во Мексико. Во август минатата година се породи 11-годишно девојче кое во текот на претходната година повеќе пати било силувано од страна на очувот.
Според законите во Мексико сексуалниот однос може да биде легален ако детето е постаро од 12 години. Исто така е забранет абортус кај младите мајки доколку не докажат дека биле силувани.
Доколку абортираат им се заканува голема парична или затворска казна.
Ваквите мексикански закони поради зачестените силувања на малолетници ќе бидат предмет на ревизија.
|