14.11.2011, 14:55 Таксист фатен со 11 килограми марихуана
Таксист од Тетово со автомобил полн со 11 пакувања марихуана и побегнал на полицијата, по што сам се предал и открил каде ја фрлил дрогата. Истражен судија на 23-годишниот А.И. му одреди два дена притвор, по кривичната пријава која ја поднесе полицијата за неовластено производство и пуштање во промет на наркoтични средства, психотропни супстаци и прекурсори.
Таксистот бил фатен викендов кога со неговото возило „ауди а4“ превезувал 11 пакувања марихуана со тежина од речиси 11 килограми, кои ги скрил во багажникот. Торбата со дрога наводно му ја дало лице од село вешал, по што тој од Попова шапка се упатил кон Тетово. Но, на регионалниот пат почнала да го следи полицијата, па уплашениот таксист, заедно со уште тетовец кој возел „мерцедел“ се дале во бегство. Возилата ги оставиле на различни локации, а паковките со дрога, таксистот ги фрлил пред куќа во Тетово. Но, неколку часа подоцна сепак сам се пријавил во полиција и го обелоденил целиот случај. Полицијата ја пронашла фрлената дрога, која е дадена на вештачење. Се преземаат мерки за расветлување на случајот. (Г.Е.)
|