15.11.2011, 14:27 Голи слики на Кели Брук како доказ за „Твитер“
Познатата манекенка и актерка се фотографирала гола со својот мобилен телефон во бањата за да ги убеди своите обожаватели на „Твитер“дека станува збор за нејзин вистински профил, бидејќи многумина се сомневале во тоа.
Кели ја закачила својата слика со коментарот. „Се разбира дека тоа е мој вистински профил. Еве, видете ме, гола сум!“, напишала манекенката.
Бидејќи англискиот комичар, актер и продуцент Лиф Франсис се прашал дали тоа е вистинскиот профил на Кели или е само некој што се преправа дека е таа, Кели Брук одговорила на оригинален начин, се сликала гола и ја закачила сликата на својот профил.
Франсис на ѕидот на Кели на „Твитер“ напишал: „Дали ова е профилот на вистинската Кели Брук или некој валкан стар зараснат човек се преправа дека е таа?“
Кели многу брзо одговорила: „Тоа сум јас. Како поинаку можам да докажам - еве ја сликата“, и ја поставила сликата на која во назнаки се гледа дека е гола.
|