16.11.2011, 14:13 Македонски фолклор на Вренцоска во Пекинг
Во рамките на почнатите Денови на македонската култура во НР Кина, денеска, во 17 часот, во „Beijing Jin Tai Art Museum“ во Пекинг, ќе биде отворена изложбата „Македонски фолклор“ на уметницата Гордана Вренцоска.
На изложбата што ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и кинескиот државен секретар за култура, авторката презентира фотографии, објекти, слики и графики, создадени во процесот на истражување, „разоткривање“, и „прочистување“ на актуелната македонска фолклорна естетика. (К.Б.)
|