17.11.2011, 10:39 „Kантон 6“ и „Проект 2501“ на оф-програмата на „Таксират“
Скопските состави „Kантон 6“ и „Проект 2501“ ќе ја загреат атмосферата пред настапот на познатиот германски диџитал хардкор-бенд „Атари тинејџ риот“, на 29 ноември во скопскиот клуб „Хавана“
Kонцертите се дел од оф-програмата на годинашното издание на фестивалот „Таксират“.
„Kантон 6“ е музички проект на Мирко Попов и на Синиша Ефтимов. Наредниот месец ќе го објават своето деби ЕП-издание за „ПМГ рекордингс“. Овој проект е интерпретиран како „психоделичен спој на звуци, состојби, времиња, ритми и тела, без стриктна намера да се евоцира иднината“.
Членови на аудио-визуелниот бенд „Проект 2501“ се: Филип Петровски - вокал, гитара и програмирање, Виктор Атанасов – гитара, Стефан Атанасовски – клавијатури и Ристе Урџановски – бас-гитара.
„Атари тинејџ риот“ во Скопје ќе го промовира својот последен албум Is this Hyperreal? Групата е позната по фуриозните концерти, како и по пријателството со „Бисти бојс“, „Рејџ агенст д машин“, „Ву танг клан“ и Бек.
|