14.11.2011, 12:54 Дебелиот Џо на „Таксират“
На 3 декември во „Метрополис арена“, ќе настапи eден од највлијателните рап артисти, музичар со албуми продадени во повеќе од 2,5 милиони примероци, кој постојано ги освојува врвовите на топ листите
Дебелиот Џо (Fat Joe) е уште еден изведувач на листата на имиња кои ќе настапат во финалната вечер на фестивалот „Таксират“. На 3 декември во „Метрополис арена“, ќе настапи eден од највлијателните рап артисти, музичар со албуми продадени во повеќе од 2,5 милиони примероци, кој постојано ги освојува врвовите на топ листите. Fat Joe постојано ги руши границите на музичката индустрија како мулти-платиниумски латино артист. Тој ја има зацврстено својата надмоќна позиција како еден од неколкуте латино рапери кои се инфилтрираа во доминантната афро- американска рап сцена и стана значаен фактор во музичката индустрија, при тоа станувајќи препознатлив и како откривач на успешни млади артисти.
Организаторите на „Таксират“ потсетуваат дека е во тек претпродажбата на влезниците за овогодинешниот фестивал, кои чинат 600 денари.
|