14.11.2011, 13:22 Грчката Влада бара доверба од парламентот
Пратеници во грчкиот парламент в среда ќе се изјаснат за програмата на новата влада на национално единство која денеска ќе биде претставен во парламентот.
Аналитичари предупредуваат на „мала“ поддршка од Нова демоктратија која има само неколку места во владата. Според најновите анкети владата на Лукас Пападемос ја поддржуваат 75 отсто Грци.
Главна задача ќе биде спроведување на мерките за штедење и исполнување предуслови за да се добие нов кредит од европските финансиски институции и ММФ. Грција мора до средината на декември да добие нова транша кредит од 8,6 ммилијарди евра за да избегне финансиски колапс.
Комесарот за монетални прашања во ЕУ, Оли Рен предупреди дека новиот кредит нема да биде одобрен без пишани гаранции на сите страни во Грција кои треба да работат на спроведување на програмата. Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас најави дека нема да ги потпише тие обврски под притисок од странство.
|