14.11.2011, 11:53 Обама го отвори самитот на АПЕК
Американскиот претседател Барак Обама го отвори самитот на Организацијата за азископацифичка економска соработка (АПЕК) што се одржува во Хонолулу на Хаваи.
Главна тема на самитот е проектот за зона за слободна трговија меѓу 21 земји-членки на АПЕК.
- Денес имаме можност да напредуваме кон крајната цел - регионална трговија без никакви бариери. Ние ќе разгледаме како можеме да работиме заедно за забрзување на економскиот раст, истакна Обама.
Тој наведе дека АПЕК е „исклучително важен“ за економскиот раст на САД.
- Ние сметаме дека тоа е апсолутен приоритет, бидејќи ние нема да успееме да создадеме нови работни места, да ја развиеме нашата економија и да го зголемиме извозот ако не просперира азископацифичкиот регион , посочи американсикиот претседател.
Обама и осумте лидери на помалите земји-членки на АПЕК вчера објавија дека ги договориле основните насоки за проектот зона за слободна трговија, истакнувајќи дека се надеваат дека и останатите 12 држави од Организацијата ќе се приклучат.
|