15.11.2011, 14:48 Инвестирани нови 15 милиони евра во Шпаркасе Банка Македонија
Австриската групација Штаермеркише шпаркасе инвестираше нови 15 милиони евра во Македонија преку зголемување на капиталот на Шаркасе Банка Македонија, со што вкупниот капитал на банката во моментов изнесува 25,4 милиони евра.
Со новата инвестиција, како што соопшти менаџментот на Банката на денешната прес-конференција, ќе се зајакне позицијата на Банката на пазарот, а ќе може да поддржи и повеќе проекти.
- Капиталот сакаме да го искористиме во две цели, за зацврстување на квалитетот на билансот на состојба на Банката и како поддршка на континуираниот раст на Банката зајакнувајќи ја нашата позиција на пазарот како посакуван финансиски партнер за нејзините клиенти, рече првиот човек на Шпаркасе Банка Македонија Срѓан Крстиќ.
Тој додаде дека нивните напори даваат јасни резултати - подобрена е позицијата и банката стана петта банка на пазарот, зголемено е пазарното учество меѓу 4-5 проценти, двојно е зголемен бројот на клиенти на над 110.000. Банката усепа да го зголеми своето кредитно портфолио за 25,3 проценти, како и депозитите на физички лица за 50 отсто. Во последните три години пласирани се кредити во износ од 200 милиони евра, а годинава 80 милиони евра. Ненаплатливите кредити се околу 10 проценти.
Банката, како што истакна Крстиќ, очекува годината да ја заврши со него загуба од 13 милиони евра, кој не е резултат на тековното работерње, туку е акумулиран од претходното работење на банката. Крстиќ потенцира дека таа загуба е покриена со сегашната инвестиција од 15 милиони евра.
Сава Далбоков, член на УО на Штаермеркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе банка Македонија потенцира дека инвестицијата е неопходна во вакви турбулентни времиња. - Условите на пазарот во исполнети со предизвици и во вакви услови мислиме дека треба да ја зајакнеме нашата банка и да го зголемиме квалитетот на услугите, истакна Далбоков, кој додаде дека загубата нема да влијае негативно врз работењето на Банката.
- Македонија е јадро на пазарот на Штаермеркише во регионот на ЈИЕ. Групацијата тука е пристуна три години и е долгорочен стратешки инвеститор, рече Долбоков.
Групацијата има околу 2 милиона клиенти и 6.000 вработени, а во Македонија бројот на вработени е 299.
|