16.11.2011, 14:18 Австралија ќе прими американски маринци
САД го „зголемуваат ангажирањето во целиот азиско-пацифички регион“, не исклучувајќи ја Кина.
Австралија се согласи да биде домаќин на комплетна борбена единица на американски маринци во наредните години, обелодени премиерката Џулија Гилард на конференцијата за печат со американскиот претседател Барак Обама. Таа наведе дека околу 250 американски маринци ќе пристигнат следната година, и таа бројка ќе се надополнува до 2.500 војници. Распоредувањето се гледа како потег за одбивање на се' поголемото влијание на Кина. Но, Обама изјави дека САД го „зголемуваат ангажирањето во целиот азиско-пацифички регион“, не исклучувајќи ја Кина. „Главната порака што ви ја кажав, не само јавно туку и приватно до Кина, е дека со нејзиниот подем доаѓа и зголемена одговорност“, изјави тој. „Од големо значење за нив е да играат според правилата на патот“.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лиу Веимин, запраша дали потегот е во согласност со мирновременскиот развој на регионот. „Не може да биде прифатливо да се интензивира и пришири воената алијанса и не може да биде во интерес на земјите во овој регион“, изјави тој, а беше цитиран од новинската агенција АФП.
Американскиот претседател замина за Канбера од АПЕК форумот во Хонолулу. Посетата дојде во време кога и двете земји ја одбележуваат 60-годишнината од безбедносниот сојуз.
|